Стил на неделата: Жанета Гелевска Велјаноска, уметница

Маја Бабиќ,оперативен менаџер во „Баги комуникации“ за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е уметницата Жанета Гелевска Велјаноска.

– Ќе ги прескокнам сите клишеа за тоа каква треба да биде жената со стил и веднаш ќе кажам, уметницата Жанета Гелевска Велјаноска за мене е жена со уникатен и оригинален стил. И кога мислам на стил, мислам не само на нејзиниот надворешен изглед туку и на сè она што таа го прави, како и начинот на кој живее. Убедена сум дека боите и нијансите го прават животот, а Жани е мајстор за бои. Ако ја следите на социјалните мрежи нема да можете да се изнагледате од блескави колоритни фотографии од нејзините модни комбинации, од сликите што ги создава, од храната што ја приготвува, од нејзиното ателје или од домот. Секое парче гардероба што таа ќе го одбере за свое, неминовно претрпува креативна трансформација и станува уникатно. Таа има бескраен талент за комбинации на бои, материјали и текстури од кои застанува здивот. Неколкупати сум се обидела да ископирам нешто од нејзиниот стил, но само еден поглед во огледалото ми кажува дека стилот на Жани е невозможно да се копира. Таа ги руши стереотипите за тоа колку накит е доволно, за тоа дека одредени бои или материјали не одат едни сo други. Ми се допаѓа дека не практикува да се шминка, па така целиот фокус е токму на тој нејзин уникатен стил. Во овој контекст не помалку важен е и стилот во нејзиниот дом. Престојот таму е како да сте во некоја галерија или музеј, а истовремно и во најтоплиот дом на светот. Секој детаљ е осмислен и допрен од нејзината креативност. И сè ова дополнето со нејзината неверојатна енергија и позитивност, вели Бабиќ.

Маја Бабиќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот