Стил на неделата: Рисима Рисимкин, кореографка

Рисима Рисимкин

Ана Арсеновска – Зафирова, новинарка, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е кореографката Рисима Рисимкин. 

– Постојаноста е карактеристика која денес не ја сретнувам често и затоа ме радуваат сите оние што ја поседуваат и се придржуваат до неа. Кореографката Рисима Рисимкин веќе 30 години во низа нè држи во тек со современата танцова сцена. Нејзиниот израз го препознаа и во светот, па покрај кореографските поставки на фестивалите и театрите по Кина, Холандија, Германија, Америка, Турција, Словенија, и култниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз ја чека 2021 година на својот репертоар. И не само доследноста, врвниот квалитет и искреноста се црти кои ги препознавате видливо кај неа. Тоа што мене особено ме допира е несебичното вложување во иднината. За неа, иднината се нејзините студенти, кај кои не само што им ги развива танцовите потенцијали, туку им помага и полесно да ги совладаат животните предизвици кои секој танчер ги има, а таа искуствено тоа знае да го препознае. Љубопитноста и страста ја носат до современиот танц и тие денес сè уште неуморно ја движат, вели Арсеновска – Зафирова.

Ана Арсеновска – Зафирова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот