Стил на неделата: проф. д-р Ежени Брзовска

Маја Илиоска, маркетинг раководител, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа тоа е проф. д-р Ежени Брзовска.  

– Жена која знае што сака и ги сака своите блиски. Жена која се грижи за себе и внимава на својот изглед. Жена која има свои принципи и гради успешна кариера. Тоа за мене е жена со стил и со свој препознатлив печат. Една од тие жени, кои би сакала да ги издвојам е проф. д-р Ежени Брзовска, мојата драга професорка од додипломски студии на маркетинг катедрата при УКИМ Економски факултет. Секогаш расположена да го сподели своето искуство и знаење, иницирајќи интересни дискусии и интерактивност помеѓу нас студентите. Нејзина способност е да го поттикнува креативниот потенцијал кај студентите, а воедно е и љубител на убавите работи. Внимателно искомбинираните елегантни модни парчиња, како што се убавите кошули и здолништа, интересни марами и чевли, се деталите кои можете да ги забележите кога ќе ја сретнете.

проф. д-р Ежени Брзовска

Автор е на повеќе научни трудови публикувани во национални и меѓународни списанија, учествувала во национални и меѓународни научни проекти, конференции од областа на маркетингот и има држено пленарни предавања на научно – стручни собир. Дипломец на Економскиот факултет – Скопје, каде што е наградена за најдобар студент на Департман маркетинг, а во  2012 година се стекнува со академски степен – доктор на економски науки. Професор, пријател, жена со стил, вели Маја Илиоска, маркетинг раководител.

Маја Илиоска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот