Стил на неделата: новинарката Ивана Настеска

Биљана Стојановска, поетеса, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е новинарката Ивана Настеска.

– Не можам да одолеам кога ќе видам некој што носи сако или капут, а притоа ги комбинира со старки како Доктор Ху. Ја избрав новинарката Ивана Настеска, пред сè, затоа што е природна. Умее сосема шармантно да користи само црвен кармин, без никаква друга шминка.

Ивана Настеска

Впечатлива е во секоја смисла. Почнувајќи од специфичната фризура, па до парчињата облека што ги одбира. Редовно комбинира ретро-облека која кокетира со „андрграунд“-стилот со современи парчиња. Џемпери, плетени фустани, дезенирани капути, сакоа, џинс, интересни торби или чанти, во комбинација со старки или мартинки, се варијантите во кои често може да се види, и кои одаваат впечаток на елеганција, но и на оригиналност. Меѓутоа, облеката не ја прави Настеска она што е. Таа би имала посебен стил и кога би била облечена и во најобична бела или црна памучна маица, на пример. Зашто стилот не е само изборот на облека, туку како го носиш тоа што го носиш. А за да го носиш добро на себе мора да имаш нешто посебно во себе. Настеска е вистински борец за човекови права, секогаш на страната на послабиот, која активно работи во интерес на јавното и општото добро. Стилот на нежен, ем бруталално праведен борец, впишан е во кодот на нејзината ДНК, вели поетесата и новинарка Биљана Стојановска.

Биљана Стојановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот