Стил на неделата: Мирјана Марковска, адвокатка

Д-р Татјана Гуржанова, мајсторка за ин витро оплодување, за „Женски печат“ одбра стил на неделаѕа, а според неа, тоа е адвокатката Мирјана Марковска.

Д-р Татјана Гуржанова

– Ја одбирам адвокатката Мирјана Марковска за жена со стил на неделата. И не само на неделата, туку и на годината, и на животот. Секогаш ме инспирирала нејзината големина на жена, а од неодамна, уште повеќе. Мирјана е сопственик на адвокатска канцеларија со 12 вработени, која успешно ја води веќе цели 22 години. Жена полна со дух, со смисла за хумор, секогаш дотерана со вкус, интелигентна, паметна, жена полна со живот и над сè – жена борец. Пред една година Мирјана преживеа мозочен удар. Но брзо се исправи и продолжи да живее како ништо да не било, со нејзината девиза „дошло, ќе се трпи“ и за добро и за лошо. Не ѝ се скрши духот, ни човечноста, ниту хуморот. И продолжи да работи со истата страст и „пареа“. Е, тоа за мене е најголема елеганција и стил!

Мирјана Марковска

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот