Стил на неделата: Ирена Јакимоска, директор и косопственик на компанијата „Комфи-Ангел”

Лилјана Грџо Дамовска, новинарка, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е Ирена Јакимоска, директор и косопственик на компанијата „Комфи-Ангел”.

– Таа е нестандардна во секој поглед: нејзината силно изразена индивуалност е првото што ви паѓа во очи. Ќе ја забележите и меѓу илјадници други, не затоа што од прва и физички потсетува на Мерилин Монро, туку заради вулкан-енергијата која ја носи. Таа е жена со два факултета и еден магистериум, прв човек и косопственик на успешна македонско-британска компанија „Kомфи Aнгел” која има повеќе од 700 вработени, повеќето се мажи. Ирена Јакимоска е и менаџер и портпарол на фирмата, амбициозна и упорна до крај, сама одговара на сите телефонски повици, изгради општествено одговорна фирма, донира на болници за деца, за стари, вложува во образованието на талентирани од кои очекува посериозен ангажман не само во фирмата со која таа раководи. Никогаш до сега не заборавила роденден на вработен. Горда е на нејзината компанија која 99 отсто од производството го продава во странство, а најмногу на вработените кои направија Гинисов рекорд, ја изработија најголемата перница во светот. Верификација на тоа дека животот може да биде бајка е патот што Ирена го помина – од сопственик на мал бутик за облека во Прилеп, пред 15 години, со 2.000 евра, 4 машини и неколкумина вработени основа фирма која сега има 700 вработени и е една од најуспешните во државата. Ирена ја сака облеката и таа нејзе. Храбра е и знае што и како да носи. Најчесто го облекува само еднаш и потоа го подарува. На познати и на непознати, на тие на кои им треба. Свесна е дека со години носела бреме исто како и други жени кои се разликуваат од масата, а се заради естетиката која ја претпочитала, дека дури била и изложена на потсмев и осуда, и дека сега кога е успешна тоа исто општество ја удира по раме и честита за успехот, но e категорична дека и тогаш и сега е свесни дека не влегува во рамката, само што сега тие ситуации и појави сте ги надраснале. Дефинитивно Ирена е нестандардна жена, зад неа трча времето и не можете да ја ставите во ниту една рамка. Во моментов вели дека живее нов „лајф стајл“ во кој ужива – таа е среќна сопруга, – вели Лилјана Грџо Дамовска.

Лилјана Грџо Дамовска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот