Стил на неделата: Доц. д-р Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешенл“ Македонија

фејсбук

Радмила Павловска, консултант и предавач по маркетинг, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е доц. д-р Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешенл“ Македонија.

– За мене стилот значи соодветност. Стилот треба да соодветствува со возраста, карактерот, професијата и околината. Стилот е моќно оружје кое наместо зборови му овозможува, на оној кој го „носи“, да ги изрази своите ставови и вредности. Стилот го надополнува нашето однесување и го потенцира она што го кажуваме. Ние и самите, несвесно го покажуваме тоа со нашиот стил. Покажуваме колку сме сериозни, бунтовници, отворени или стегнати. Затоа, според мене, треба многу да се внимава на него, тој го дополнува нашиот карактер. Исто така, стилот, за мене претставува и квалитет – квалитет во материјалите на облеката и додатоците, квалитет во изработката и квалитет во идејата. Ретко околу мене гледам конзистентност во стилот и примери што ми се допаѓаат. Сепак, постојат десетина жени во мојата околина кои со текот на годините пријатно ме изненадуваат – Радмила Шеќеринска, Надица Георгиева, Маја Мојсова и неколку други, но сепак би ја издвоила Слаѓана Тасева, како репрезент на жена со стил во секоја прилика. Иако лично не ја познавам, секогаш кога ќе ја видам ми оддава позитивен впечаток со нејзиниот стил. Токму кај неа ја препознавам соодветноста која за мене е клучен фактор за добар стил. Слаѓана Тасева е секогаш адекватно облечена за секоја пригода и за својата улога, а уште поважно, во целата слика знае добро да ги искомбинира своето држење, фризурата и додатоците.

Радмила Павловска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот