Стил на неделата: д-р Дита Старова Ќерими, директорка на  НУ Национална галерија на Македонија

Александра Јуруковска, новинарка за култура, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е д-р Дита Старова Ќерими, директорка на  НУ Национална галерија на Македонија.

– За дама или жена со стил ја избирам Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија на Македонија. Првпат лично ја запознав кога ја назначија за раководител на институцијата и сè уште ме држи истиот впечаток. Секогаш средена, впечатлива и елегантна. Асоцијација за неа ми се украсните големи цветови од тул или свила што многу вешто ги закачува на реверите, блузите или фустаните.

фотографија- Роберт Атанасовски

Потоа, марами во впечатливи бои, чевли во различна нијанса од целата комбинација со облеката што делува многу шик. Одличен спој на елеганција и личен печат. Секако тука се и убавата шминка и секогаш средената коса што многу говорат за една дама. Посебно би ја издвоила нејзината умешност да одбере соодветна комбинација или гардероба за посебните прилики при отворање на некоја изложба, ретроспектива на автор, тематски приказ на дел од огромното богатство на Галеријата. За мене, во вакви случаи стилот на еден човек не е само лична работа, туку и покажување почит кон ликот, делото, настанот, па и публиката присутна во тој момент. Дита вложува многу труд во отворање на Националната галерија кон пошироката јавност, во постојано потсетување на значењето и богатството што оваа институција го поседува, во едукација и анимација на младата или идна публика. Во целата работа, таа не заборава да спомне дека не е сама, туку дека зад неа стои цел тим. Тоа е уште една одлика во јавните настапи и работа кај оваа дама, што посебно ја почитувам – дека зад доброто функционирање на голема институција стои добар тим, вели Александра Јуруковска, новинарка за култура.

Александра Јуруковска, новинарка за култура.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот