Стихозбирка „Од оваа страна“ на Весна Ацевска

Книгоиздателството „Дијалог“ од Скопје ја издаде новата поетска книга „Од оваа страна“ на Весна Ацевска. Книгата е објавена во едицијата „Современа македонска поезија“, со поддршка на Министерството за култура.

На насловната корица е употребена фотографија со делото „Пред огледало“ на младата сликарка и графичарка Љупка Галазка-Василев, а дизајнот на корицата е на Живко Атанасовски. Покрај четириесетина песни, во книгата е објавен и есејот „На страната на поезијата“, каде авторката ја разоткрива својата поетска насока.

Весна Ацевска (Скопје, 1952) е поетеса, авторка на романи за деца и младина и преведувачка. Член е на ДПМ од 1991 година, на македонскиот ПЕН-Центар од 2009, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија, на меѓународното друштво „Калеваласеура“ во Хелсинки, Финска, и на Славјанската литературна и уметничка академија во Варна, Бугарија.

Досега објавила десетина поетски збирки, а добитничка е на значајните награди „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“ и „Ацо Шопов“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот