Стихозбирка: „Големата прегратка“ од Павлина Атанасова

Деновиве од печат излезе стихозбирката „Големата прегратка“ на Павлина Атанасова, издание на „ПНВ Публикации“, а тука ги пренесуваме првичните импресии на поетот Славе Ѓорѓо Димоски по читањето на книгата.

– В раце ја држам дебитантската книга „Големата прегратка“ од Павлина Атанасова и веднаш ќе кажам дека тоа е книга со песни со силни чувства и непосреден поетски израз што импонира. Возбудливо, страсно и вдахновено пеење за љубовта и други емоции кои се доживуваат како глас на секојдневното. Пеејќи за стварноста, авторката ја открива внатрешната драма на модерниот човек. Книгата претставува своевидна поетска хроника на растреперена поетска душа, која се стреми да влезе во актуелните кругови на најновата македонска литература – напиша поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Павлина Атанасова е родена во 1993 година во Штип. Дипломирала на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Пишува поезија и кратки раскази. Застапена е во изборот поезија „Метрички карван“ за 2019 г., издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија. Нејзини песни и раскази се објавени и во неколку периодични списанија. „Големата прегратка“ е нејзина прва стихозбирка.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 40, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-19 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот