Првите 25 доброволци постари од 60 години, кои ја примија вакцината против коронавирусот развиена од рускиот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија Вектор, немале никакви компликации, изјави денеска шефот на Центарот за инфективни болести Александар Рижиков.
– Тестирањето почна на 21 ноември на лица постари од 60 години. Првите 25 доброволци ја примија вакцината и досега немаме забележано никакви негативни реакции, рекол тој на прес-конференција за новинарите, пренесува ТАС.
Вакцината која ја произведува Вектор е регистрирана на 14 октомври, а на 16 ноември е издадена дозвола за нови истражувања на доброволци постари од 60 години.