Стигнаа резултатите од корона-тестот и на Анастасија Ражнатовиќ!

Instagram

Како што веќе пишавме, познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот син Вељко се позитивни на коронавирусот.

Тестови за коронавирусот направила и Анастасија Ражнатовиќ. На двата теста младата пејачка е негативна на вирусот.

Инаку Цеца ја даде првата изјава по добивањето на резултатите од вториот тест:

– На повторениот тест и јас и Вељко сме позитивни. Вељко и јас се чуствуваме добро, немаме никакви симптоми. Ќе бидеме во домашна изолација, до повторното тестирање – изјавила познатата пејачка за српските медиуми.

Инаку и Цеца и Вељко најверојатно се инфицирани на забавата која ја правеа по повод раѓањето на малиот Жељко. На прославата во нивниот дом присуствуваше и водителката Душица Јаковлевиќ која без да знае го имала вирусот во себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот