Стигна одговорот на Израел по ракетниот напад од Појасот Газа

Израелски тенк погоди денеска две воени позиции на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, што е одговор на трите ракети кои неколку минути претходнио биле истрелани врз Израел.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека првата ракета погодила стаклена градина, не причинувајќи штета, а друга незначително оштетила една куќа. Во нападите немало повредени.

Претходно израелската војска наведе дека пресретнала две ракети лансирани од Појасот Газа кон градот Ашдод.

Ракетниот напад го прекинал митингот на партијата Ликуд, каде се обраќал премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Засега никој нема преземено одговорност за истрелувањата на ракетите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот