Стевчо Донев останува во предметот „Триста“

Поранешниот обвинител на СЈО, сега дел од Основното јавно обвинителство Стевчо Донев и понатаму ќе постапува по предметот со кодно име „Триста“ кој се однесуваше на незаконската набавка на 300 возила за потребите на полицијата. Одлуката по овој предмет и понатаму да постапува Донев ја донел републичкиот обвинител Љубомир Јовески, дознава „Слободен печат“.

Од ОЈО само кусо потврдија дека на утрешното рочиште за „Триста“ ќе биде присутен обвинител од ОЈО, без да прецизираат за кој обвинител станува збор. Во „Триста“ обвинет е Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер во МВР. Според пресудата која е укината од скопска Апелација и е вратена повторно во првостепена постапка, тој наводно незаконски спроведен тендер за набавка на возилата за МВР, а притоа бил оштетен државниот Буџет за 27 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот