Стевче Стефановски нов координатое на младинските категории во Пелистер

фото: Е. Пелистер

Поранешниот селектор на Македонија, Стевче Стефановски, ќе биде дел од управата на Еурофарм Пелистер. Стефановски е назначен за координатор на сите младински категории во Е. Пелистер, а исто така е дел и од одбороот на директори на битолскиот тим.

„Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на РК Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер. Воедно, Стевче Стефановски ќе биде и дел од Одборот на директори на РК Еурофарм Пелистер. Управата на клубот постигнатиот договор со Стевче Стефановски го оценува како еден огромен чекор напред во унапредување и подобрување на работата со младите категории во нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење и искуство значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот во работата со младинските категории и ќе осигура вистинска иднина на ракометот во нашиот град“, објави Е. Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот