Стевановиќ: Заробениот УКИМ како дел од заробена држава никогаш не се одзароби
Универзитетската професорка од Независниот академски синдикат Маја Стевановиќ, во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ зборуваше колективниот договор во Министерството за образование за покачување на платите и кој врши притисок врз вработените.
„Нема законски пречки за покачување на платата од 10% како што тврди Министерството за образование и наука. За колегите да го добијат ветеното покачување кое што е влезено во буџетот во 2019 не е потребно да се потпише колективен договор, а најмалку е потребно да се потпише непристоен колективен договор, после 30 години независна Македонија, со само еден единствен челн со еднократно покачување од 10 проценти. Апсолутно е недозволиво да се потпише колективен договор со квази синдикат кој е основан, инициран и под контрола на ректорите“, вели Стевановиќ.
– Ректорите на УКИМ и УКЛО се оние кои инсистираа да се формира нов синдикат, додека подлабоко, се надевам дека ќе падне снегот па да ги откриеме трагите. Во мај месец имаме избори за нов ректор на УКИМ така што ова е дел од една предизборна кампања. Заробениот УКИМ како дел од заробена држава никогаш не се одзароби – констатира Стевановиќ.