Стерлинг во јануари доаѓа во Барселона?

Стерлинг се наоѓа на радарот на Барселона/ фото: EPA-EFE/Julian Finney

Екипата на Барселона иако се наоѓа во големи финансиски проблеми, планира во зимскиот преоден рок да ја засили екипата со вистинска ѕвезда.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека во зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“ може да пристигнат шпанскиот репрезентативец Дани Олмо и англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг.

Барселона изминатото лето се обиде да го донесе Стерлинг на позајмица, Манчестер сити ја одби оваа понуда, но се поизвесно е дека работите ќе се сменат во јануари идната година.
Наводно, Стерлинг сака да се пресели во Барселона бидејќи во Сити го загуби местото во првиот тим и се поретко добива шанса од менаџерот Пеп Гвардиола.

„Веќе неколку недели има дијалог помеѓу Барселона и Стерлинг. Фудбалерот сака да го напушти Манчестер сити и му се допаѓа идејата да биде нов лидер на нападот на Барселона“, пишува „Спорт“.

Англискиот весник „Мирор“ тврди дека преговорите се во поодмината фаза и планот на Барселона е Стерлинг во јануари да пристигне на позајмица, а по завршување на сезоната да разговара со Сити за откупување на договорот. Згора на тоа „Мирор“ пишува дека Стерлинг ги прифатил условите од Барселона и останува уште Сити да даде согласност.

Видео на денот