Стерлинг повторно во Ливерпул, ништо не е невозможно

фото:твитер

Рахим Стерлинг во 2015 година кога одлучи да си замине од „Енфилд“, доби статус на персона нон грата кај навивачите но и управата на Ливерпул.

Оттогаш секојпат кога Манчестер сити гостува на „Енфилд“ секој контакт на Стерлинг со топката е проследен со свирежи и негодувања поради предавството.

Сепак, откако Манчестер сити доби двегодишна суспензија за настап во Лигата на шампионите, зачестија шпекулациите за можно враќање на Стерлинг во Ливерпул. Овие шпекулации на индиректен начин ги потврди и агентот на англискиот репрезентативец во интервју за „Лекип“.

Иако Рахим е среќен во Сити, никогаш не го заборави Ливерпул бидејќи таму стана тоа што е денеска и како играч и како човек. Да, имаше многу „врева“ кога си заминуваше, но оттогаш помина многу време и мислам дека денеска е можно негово враќање – изјави агентот на Стерлинг.

Стерлинг можеби има желба да се врати во Ливерпул, но менаџерот Јирген Клоп има поинакви планови. На неговиот список на желби, името на Стерлинг се наоѓа на третото место. Најголема желба на Клоп во летниот преоден рок е купување на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, а потоа исто така планира да пазари во Бундеслигата, како освежување во нападот го сака Тимо Вернер од Лајпциг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот