Стерлинг отстранет од англиската репрезентација!

фото:твитер

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт одлучи во составот за претстојниот евро квалификациски натпревар в четврток против Црна Гора да не биде Рахим Стерлинг.

Англиските медиуми објавија дека Стерлинг го фатил за врат Џо Гомез на еден од тренинзите на „Гордиот албион“ и дека соиграчите на овие двајца репрезентативци беа шокирани поради физичката пресметка.

Тие веќе имаа конфликт за време на премиерлигашкото дерби во кое Ливерпул беше поуспешен од Манчестер сити со 3:1, а сега тоа се префрлило и во националниот тим.

https://twitter.com/360Sources/status/1194155366067527681

 

-Решивме да не го вклучиме Рахим во натпреварот против Црна Гора.  Една од главните причини е тоа што играчот не може да го одвои клупското ривалство од настапите за репрезентацијата. За жал, неговите емоции по дерби мечот сепак беа свежи. Имам чувство дека донесовме вистинска одлука. Важно е сите играчи да се поддржуваат едни со други и да се фокусираат на натпреварот во четврток – рече англискиот селектор Герет Саутгејт.

Репрезентацијата на Англија ќе се квалификува за Европското првенство доколку триумфира на еден од двата преостанати натпревари.

Освен средбата против Црногорците, Англичаните ги очекува и меч со селекцијата на Косово в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот