Стерлинг го запали алармот во Мадрид: Се сликаше во дрес на Реал

Фудбалерот на Манчестер сити не крие дека има голема желба еден ден да го облече дресот на „кралскиот“ клуб.

Откако УЕФА драконски го казни Манчестер сити, започнаа шпекулациите за заминување на дел од најголемите ѕвезди на сè уште актуелниот шампион. Еден од нив е и англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг кој е голема желба на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.


Стерлинг ги подгреа страстите и во Манчестер и со Мадрид, откако на насловната страница на весникот „Ас“ се појави со дрес на Реал Мадрид.

– Никој не знае што ни носи иднината. Јас сум фудбалеро и секогаш сум отворен за нови предизвици, но во овој момент мојот предизвик е Манчестер сити и тука сум среќен. Реал Мадрид е фантастичен клуб, кога го гледате тој дрес, јасно ви е што тој претставува – изјави Стерлинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот