Стерјовски со неколку барања за заштита од дискриминација на македонското малцинство во Албанија

Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, како член на парламентарната комисија за европски интеграции, на онлајн седницата со Комесарот за заштита од дискриминации поставил неколку барања кои го засегаат македонското и другите малцинства.

– Презентирав неколку предлози во врска со работата на институцијата Комесар за заштита од дискриминација, кој е единствениот надлежен орган кој обезбедува ефикасна заштита од дискриминација и каква било форма на однесување што промовира дискриминација. Сето тоа со барање да бидат вметнати со планираните измени и дополнувања на Законот за заштита од дискриминација, изјави за МИА Васил Стерјовски.

Додаде дека ја нагласил важноста Комесарот да го следи остварувањето на правата на малцинствата во Албанија и да подготви посебен извештај за да се претстави состојбата со правата на малцинствата во земјата.

-Од комесарот Роберт Гајда, меѓу другото побарав еднаш годишно, тој, но и претставници на институција да ги посетат областите каде што живеат малцинствата за да ја подигнат свеста за постоењето на „Закон за заштита од дискриминација”, за постоење на институцијата Комесар за заштита од дискриминација, затоа што сметам дека колку поблиски ќе бидат со припадниците на малцинствата, ќе излезат повеќе проблеми кои припадниците на малцинствата ги имаат со дискриминацијата, додава Стерјовски.

Друго барање е во структурата на институцијата да се вклучи најмалку по еден претставник од секое малцинство.

-Од комесарот Гајда побарав формуларот за жалби да биде и на македонски јазик. На официјалната веб страница на Комесарот за заштита од дискриминација, формуларот за жалби освен на албански, е и на англиски, грчки и ромски јазик, но не и на македонски. Ова барање го имаме поставено и на поранешната Комесарка за заштита од дискриминација, Ирма Бараку. Со години се ветуваше дека формуларот ќе биде преведен на македонски јазик, но до ден денес ништо од тоа, нагласува Стерјовски.

Поддршка за барањата, како и на прашањето колку жалби има од Македонци до комесарот поставено од Стерјовски, добил и од претседателката на комисијата Рудина Хајдари.

– Лани имавме 171 жалба, но колку од нив се на Македонци немам сознанија. Во 2018 година од македонската заедница имавме многу жалби и главно тие се однесуваа на именувањето на оваа заедница како „славомакедонци” од страна на албански јавни органи. Она што се бараше беше да се отстрани „славо” и да се идентификуваат како Македонци, изјавил Гајда.

Искажувајќи целосна согласност и подршка за барањата на Стерјовски, Гајда посочил дека институцијата со која раководи е единствена институција чија табла е на сите малцински јазици и апелирал и до другите институции да направат такво нешто „затоа што е многу едноставно да се направи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот