Стеријовска: Претставата „Вечера на глупаци“ публиката може да ја гледа несекојдневно од близу

„Вечера на глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска е претстава која ќе направи деконструкција на четвртиот ѕид односно публиката ќе може да ја гледа актерската игра несекојдневно блиску.

Со сценскиот израз инспириран од филозофијата на познатиот француски надреалист Рене Магрит во неговата „Ова не е луле“ (ѕуку слика од лиле), во оваа претстава истражуваме за начинот на раскажување приказна и експериментираме со деконструкција на класичната физичка дистанца помеѓу гледашот и дејствието на приказната- рече во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, режисерката Ирена Стеријовска.

„Вечера на глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска е претстава која ќе направи деконструкција на четвртиот ѕид односно публиката ќе може да ја гледа актерската игра несекојдневно од близу.

-Имено, гледачите се поставени во воајерска позиција, односно тие се самите обрач на станот во кој се случува дејствието. Тие директно и безмалку однатре го чувствуваат течението на приказната, што пак лично нив ги става во воајерска позиција од која ќе може да ги следат невообичаените ситуации што им се случуваат на протагонистите. Со тоа концептот на некој начин го коментира, па и го казнува ликот кој решава воејерски да им се исмејува на послабите од него, со тоа што му конструира ситуација во која и тој самиот е жртва на воејеризмот на публиката. Сметам дека театарот мора да станува се повеќе иновантен и атрактивен за публиката за истата да икма мотив да стане од своите домашни фотељи и да има желба да дојде во театар, изјави за Утрински брифинг режисерката Стеријовска во „Утрински брифинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот