Стенли Бакстер на 95-годишна возраст призна дека е хомосексуалец: Тој вели дека неговата сопруга имала разбирање

Profimedia
Profimedia

Познатиот шкотски актер Стенли Бакстер реши да признае пред јавноста дека е хомосексуалец на 95-годишна возраст. Својата сексуална ориентација ја откри во неговата автобиографска книга „Вистинскиот Стенли Бакстер“, пишува британски Мирор.

Имено, Стенли истакнува дека целиот живот криел дека е хомосексуалец и објасни како се справувала со тоа неговата сопруга Моира Робертсон, со која беше во брак 46 години, од 1951 до 1997 година, кога таа почина.

Не можев да издржам долго без мажи. За среќа, Моира имаше разбирање. Ако ме интересираше некого, можев да го донесам дома, напишал актерот.

Twitter
Twitter

Секој би бил луд да одлучи да живее толку тежок живот. Постојат многу хомосексуалци кои се задоволни од тоа што се. Никогаш не сакав да бидам геј. Сè уште не го сакам тоа, напишал Стенли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот