Стекна светска слава со улогата Пипи Долгиот Чорап, а сега фановите собираат пари за неа (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Шведската актерка Ингер Нилсон (60) имала само осум години кога ја глумеше познатата Пипи Долгиот Чорап во истоимената серија. Оваа улога ја прослави, но поради тогашните закони, таа никогаш не доби хонорар за неа.

Поради тоа што Ингер никогаш не добила ни денар за планетарната популарна улога, нејзините фанови кои пораснаа со овој филм се одлучиле да соберат донации за актерката и нејзините филмски пријатели Аника и Томи.

Фото: Профимедиа

Досега се собрани 37.000 долари, меѓутоа иако било очекувано актерката да биде среќна поради своите фанови, на неа оваа идеја и не се допадна многу.

– Прво бев лута, бидејќи не сакам да изигрувам жртва и да барам милост. Кога се смирив сфатив дека тоа е само еден нивни знак за почит за да ни покажат колку не сакаат – изјавила Пипи Долгиот Чорап.

Ингер за првпат во улога на Пипи Долгиот Чорап се најде во 1969 година, кога легендарната серија беше снимена по истоимената книга на Астрид Линдгрен.

Нејзиното вистинско име е Катрин Ингер Моника Нилсон. Таа денеска живее во Стокхлом и работи како секретарка, а повремено прифаќа по некоја театарска улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот