Стејт департментот задоволен од обновениот дијалог Белград – Приштина

Стејт департмент/ Фото: МИА

Американскиот Стејт департмент соопшти денеска дека е задоволен од тоа што Европската унија организираше средба на претставниците на Белград и Приштина и понуди своја полна поддршка.

„Наша цел е договор кој ќе го постигнат двете страни за сеопфатна нормализација на односите. Нормализацијата е суштинска во обезбедување на стабилност, напредок и безбедност на западен Балкан“, рече портпаролот на Стејт Департментот за Гласот на Америка.

Дијалогот Белград – Приштина, со посредство на ЕУ, е продолжен на 16 јули во Брисел по пауза од 20 месеци.

Вучиќ го праша Хоти „Зборуваш ли српски?“, тој му одговори: Па, разбирам!(ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот