Стејт департментот обезбеди уште 404 милиони долари помош за палестинските цивили во Газа

Фото: Rojters

САД ќе обезбедат дополнителна хуманитарна помош од 404 милиони долари за палестинските цивили во Газа, Западниот Брег и регионот, со што вкупната американска помош во изминатите осум месеци изнесува над 674 милиони долари.

„Како најголем поединечен хуманитарен донатор на палестинскиот народ, ја препознаваме итната потреба поголемата помош да стигне до цивилите со оглед на катастрофалните хуманитарни услови и ги повикуваме сите донатори да ги поддржат операциите за спасување животи на Палестинците во Газа и регионот“, наведе Стејт департментот во денешното соопштение.

Новиот пакет финансиска помош ќе помогне во обезбедувањето храна, вода за пиење, како и здравствена и психосоцијална поддршка, образование и засолништа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот