24 C
Скопје

Стејт департментот ќе препорача Американците да не патуваат во 80 отсто од државите

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека ќе ја прошири листата на држави во кои граѓаните не би требало да патуваат бидејќи има „невиден ризик за патниците” поради пандемијата со ковид-19.

Стејт департментот досега има препорака за непатување во 34 од околу 200 држави меѓу кои се Чад, Косово, Кенија, Бразил, Аргентина, Хаити, Мозамбик, Русија и Танзанија. Но, се планира на списокот да се најдат 130 земји.

На Американците веќе им е оневозможено патување во поголем број европски држави поради воведените рестриктивни мерки, а Вашингтон забрани влез во САД за лицата кои неодамна биле во шенген зоната, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сè уште не ја коментираше најавата на Стејт департментот.

ЦДЦ на почетокот од месецот објави дека вакцинираните лица можат безбедно да патуваат низ САД со оглед на „нискиот ризик”, но директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски ги повика Американците да не патуваат поради големиот број на инфицирани лица.

– Знаеме дека имаме поголем број случаи во моментот. Јас би препорачал да не патуваме. Ние не препорачуваме патувања во овој момент, особено за луѓето кои не се вакцинирани, посочи Валенски.

Поврзани вести

Заев: Смената на генерации е многу здрава, новата политика на СДСМ значи повисок економски стандард и поголема грижа за граѓаните

Слободен печат

Гебреисус: Сè уште е многу рано да се зборува за крај на пандемијата

Слободен печат

Пахор и Милановиќ: Постигнат компромис „на кој некој мораше да се откаже од нешто“

Слободен печат

Декларација на лидерите од Западен Балкан: Итен почеток на преговори со Скопје и Тирана

Слободен печат

Средба Јусуфи – Бислими: Косово и Северна Македонија ќе го јакнат партнерството

Слободен печат

Борел ги повика на вечера лидерите од Западен Балкан, чека објаснување за политичките прилики во регионот

Слободен печат

Остави Коментар