17.8 C
Скопје

Стејт департментот им нареди на своите вработени да го напуштат Авганистан

Стејт департментот им издаде упатства на службениците на американската Влада со наредба да го напуштат Кабул, главниот град на Авганистан, доколку можат да ја вршат работата на друго место.

– Патувањето во сите делови на Авганистан не е безбедно поради критичниот број киднапирања, заложници, самоубиствени бомбашки напади, широко распространети воени борбени операции, нагазни мини и напади од терористи и бунтовници, вклучително и напади со употреба на возила, магнетни или други импровизирани експлозивни направи, самоубиствени елеци и гранати, се наведува во упатството.

Вршителот на должноста амбасадор на САД во Авганистан, Рос Вилсон рече дека Стејт департментот ја донел одлуката „во контекст на се поголемиот број насилство и закани во Кабул”.

Тој додаде дека наредбата влијаела на неодреден и релативно мал број „вработени” и оти Амбасадата ќе продолжи да работи.

– Персоналот кој итно беше потребен за решавање на прашањата поврзани со повлекувањето на американските сили од Авганистан и виталната работа што ја работиме за поддршка на авганистанскиот народ ќе може да остане на свое место, напиша Вилсон на Твитер.

Поврзани вести

Шведскиот премиер соочен со гласање за недоверба

Слободен печат

Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Слободен печат

ФОТО | Црн Дрим во Струга стана син

Слободен печат

Две лица загинаа во соoбраќајка на патот Штип-Крупиште

Слободен печат

Трагедија на Паличко Езеро: Се удавил маж, телото сѐ уште не е пронајдено

Слободен печат

Локализиран е пожарот во близина на „Слобода“, нема повредени

Слободен печат

Остави Коментар