Стејт департментот го осуди протерувањето на тројца американски новинари од Кина

Пекинг денеска им ги поништи акредитациите на тројцата новинари поради тоа што „Волстрит журнал”, весник за кои тие пишуваат, одби да се извини за објавената колумна во која Кина се нарекува „прав пациент на Азија”.

САД го осудуваат протерувањето од страна на Кина на тројца новинари, странски допсиници на „Волстрит журнал” во таа земја, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

– Правилниот одговор би бил да се искажат контра аргументи, не да се забрани говорот. САД се надеваат дека кинеските граѓани ќе уживаат ист степен на информација и слобода на говорот каков што постои во американското општество, се наведува во соопштението потпишано од државниот секретар Мајк Помпео.

Како што е веќе извесно, Пекинг денеска им ги поништи акредитациите на тројцата новинари поради тоа што „Волстрит журнал”, весник за кои тие пишуваат, одби да се извини за објавената колумна во која Кина се нарекува „прав пациент на Азија”.

Прочитајте и...  Венко Филипче: Главниот проблем е што има носители на коронавирусот без симптоми, седете дома!

Кина реагираше и поради новите правила воведени во САД против пет кинески медиуми кои ја поддржуваат кинеската Влада и Комунистичката партија на Кина.

Администрацијата синоќа соопшти дека ќе се однесува против нив како со странски амбасади, и ќе бара од нив да го регистрираат имотот и вработените во Стејт департментот.

Прочитај повеќе

Спасени 15 мигранти кои се обиделе да преминат од Франција во Велика Британија

Слободен печат

Епидемиологот Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Ова се моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање

Слободен печат

Премиерот Џонсон префрлен во болница

Слободен печат

Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Ирскиот премиер ќе работи една смена како лекар додека трае епидемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заразените од коронавирус во Кипар ќе се следат преку мобилна апликација

Слободен печат

Пазарите за диви животни во Кина повторно се отвораат, расизмот кон азиската популација во САД расте (ВИДЕО)

Слободен печат

Кралицата Елизабета се обрати до нацијата: Ќе успееме во борбата против коронавирусот (ВИДЕО)

Слободен печат

Скопје како во филмот „Јас сум легенда“, само без зомби (ФОТО+ВИДЕО)

Љубиша Николовски

Баша: Нискиот број на тестови во Албанија ја прикрива вистината и чини животи!

Слободен печат

Француски план предвидува 300 милијарди евра на кредити за поддршка при економската криза

Слободен печат