Стејт департментот бара Ирак да ги заштити дипломатските институции на својата територија

Стејт департмент/ Фото: МИА

Американската дипломатија забележува дека ситуацијата во Ирак „останува тензична”, а „групите поддржани од Иран продолжуваат да претставуваат закана за безбедноста во Багдад.

САД го повикаа Ирак да ги исполни своите обврски и да ги заштити дипломатските институции на својата територија, откако неколку ракети паднаа во близина на нивната амбасада во Багдад, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, пренесоа агенциите.

„Информирани сме за ракетните напади врз меѓународната (зелена) зона. Ги повикуваме ирачките власти да ги исполнат своите обврски за заштита на дипломатските објекти”, соопштија од Стејт департментот.

Американската дипломатија забележува дека ситуацијата во Ирак „останува тензична”, а „групите поддржани од Иран продолжуваат да претставуваат закана за безбедноста во Багдад.

Претходно локалните медиуми јавија дека околу американската Амбасада во Багдад паднале три ракети, а една од нив го погодила ресторанот на дипломатската мисија. Подоцна се појави и информација и за тројца повредени во ракетниот напад во зелената зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот