Стејт департмент: САД ја продолжуваат борбата против Исламска држава

Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

САД сакаат да ја зајакнат коалицијата која се бори против т.н. Исламска држава (ИД) во североисточна Сирија, изјави неименуван висок функционер од Стејт департментот.

По убиството на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади, неименуваниот функционер изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој на 6 октомври најави повлекување на американските сили од северна Сирија, со тоа не наговести дека Вашингтон се откажува од борбата против терористичката организација.

– Никогаш не беше идеја да се напушти мисијата за гонење на ИД … Тоа е огромен напор кој продолжува – изјави тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата објави дека Ел Багдади е убиен за време на рацијата на американската армија во северна Сирија, откако се разнесе со експлозив во тунел.

Трамп информира дека 15 минути по смртта на Багдади, бил извршен ДНК тест со кој било потврдено дека тоа навистина е тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот