Стејт департмент: Нема никаков таен план за размена на територии помеѓу Косово и Србија

Американскиот Стејт департмент објави заедничко соопштение на специјалниот пратеник на претседателот на САД за дијалогот помеѓу Косово и Србија, Ричард Гренел и Специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер во врска со последните случувања во Косово.

Во соопштението се вели дека САД внимателно ги следат политичките случувања во Косово, како и ситуацијата со коронавирусот.

По гласањето на недоверба на владата, САД апелира политичките преставници да го почитуваат Уставот на Косово.

– САД се со народот на Косово. Ние ги поздравуваме постојаните обиди на лекарските професионалци и другите кои што работат многу, со голем ризик, за да се намали пандемијата со КОВИД-19 во Косово. Во ова несигурно време, ние ги поттикнуваме лидерите на Косово да го следат Уставот и владеењето на правото. Ние сме посветени да работиме со секоја новоформирана влада преку уставниот процес – се вели во нивното соопштение.

Стејт департаментот бара што побрзо Косово да ја укине таксата за српските производи, бидејќи велат дека тоа е на штета на граѓаните.

– Освен тоа, ние продолжуваме да ги поттикнуваме лидерите на Косово целосно да ја укинат тарифата. Ние веруваме дека тарифата носи штета на косовскиот народ спречувајќи ја регионалната соработка против COVID-19, вклучително и одложување на влезот на потребните снабдувања во Косово и спречувајќи го економскиот раст – се вели меѓу другото.

Стејт департамент напоменува дека нема никаков таен план за размена на териториите помеѓу Косово и Србија, како што некои шпекулираа.

– Ние сакаме да објасниме дека нема никаков таен план за размена на териториите помеѓу Косово и Србија, како што некои шпекулираа. Специјалниот пратеник на претседателот Ричард Гренел го нема тоа ниту го има дискутирано. Фокусот на американската влада за поддршка на неодамнешните договори за обновување на воздушните, железничките и автопатските врски меѓу Косово и Србија има за цел да ја подобри економијата и да создаде економска динамика. Ние веруваме дека овие нови моменти ќе дадат нова енергија на процесот на дијалогот што ќе донесе меѓусебно признавање – се вели на крајот од соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот