Стејт департмент: Изјавата на Али Хамнеи за збогатување на ураниум звучи заканувачки

Стејт департмент/ Фото: МИА

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс соопшти дека изјавата на иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи за збогатувањето ураниум „звучи заканувачки”.

Најавата на Хамнеи дека Иран може да збогатува и до 60 отсто ураниум доколку за тоа има потреба, Прајс ја нарече „хипотетичка” и „извештачена”.

Тој нагласи дека САД се подготвени да разговараат со Иран за враќањето во нуклеарниот договор од 2015 година.

Хамнеи претходно истакна дека Иран може да збогати ураниум до 60 отсто доколку тоа на земјата и е потребно, а Техеран „никогаш нема да потклекне под притисокот на САД поради иранската нуклеарна програма”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот