Стејт департмент: Албанија е најкорумпираната земја на Балканот

Американсиот Стејт департмент во годинешниот извештај за Климата на правење бизнис во светот, продолжи да ги повторува строгите забелешки за Албанија, квалификувајќи ја како најкорумпираната држава во Европа и на Балканот и земја каде што е тешко да развиеш активности од економски карактер, пренесува Орањуз.

Цитирајќи странски инвеститори и други извори на информации, Стејт департментот пишува дека проблем остануваат корупцијата, особено во судството, недостаток на транспарентност со јавните тендери и ниското ниво на спроведување на договорите.

Во извештајот се споменува неоправданото богатство на судиите и реформата во правдата, но и покрај нивното отстранување од системот, Албанија останува проблематична за правење бизнис. Во објавениот документ, Стејт департментот подвлекува дека Албанија ги има сите потребни законски услови за поддршка на странските инвестиции, но целосната нивна имплементација е на незадоволително ниво.

Како други проблеми се редат имотните прашања, каде што стекнувањето на сопственост се смета за невозможна мисија поради манипулација со судските одлуки. Во материјалот, исто така, се цитираат и други извештаи, како што се на Транспаренси интернешнал, која Албанија ја сместува на 99. место во однос на перцепцијата на корупцијата.

„Ова ја прави нашата земја најкорумпирана не само во Европа, туку и на Балканот”, наведува Орањуз.

Во однос на предлозите што им се даваат на инвеститорите, Стејт департментот проценува дека областите од интерес за ангажирање остануваат енергетика, туризмот, водоснабдувањето, патна и железничка индустрија, рударството и информатичка технологија и на телекомуникации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот