8 C
Скопје

Стефоска: Охрид треба да биде стратешка цел и грижа на сите

Охрид мора да биде приоритет и стратешка цел на сите и да постои консензус, без оглед кој е на власт, смета министерката за култура Ирена Стефоска, според која ќе биде поразително за неа ако во нејзиниот мандат и како охриѓанка по потекло, Охрид и Охридскиот Регион бидат ставени на Листата на наследство во опасност на УНЕСКО. Но, од друга страна, ќе го прифати тоа за доброто на Охрид имајќи предвид, како што рече, дека не сме способни сами да го заштитиме ова единствено културно и природно светско наследство на УНЕСКО.

– Но, ставањето на Листата во опасност нас не нè амнестира пак од одговорност. Институциите во земјава прво треба да го штитат. Не може за заштита на Охрид и Охридскиот Регион да бидат задолжени само општините. Патем, таму има три многу важни институции – НП Галичица, Хидробиолошкиот завод и Музеј и завод – Охрид. Тие капацитети мора да ги подигнеме. Околу 10-15 отсто припаѓаат на културното наследство, другото е во рамки на природното наследство – езерото, Галичица итн. И тука се важни институциите како министерствата за транспорт и врски и за животна средина, Градежниот инспекторат итн, рече Стефоска во интервју на ТВ Телма, нагласувајќи дека мора да има сериозна координација на инстуцииите од локалната и од централната власт, но и дека грижата е прво за институциите, но и на граѓаните и нивната свест.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Николовски: Не се прекршени протоколите, пратеници имаат должност и обврска да му служат на народот

Во врска со проектот „Скопје 2014″, пак, за кој впечатокот е дека не се реализира она што било ветувано од оваа Влада, Стефоска одговори „дијагнозите се поставени, акцијата е на ред”.

– Една од целите на мојот мандат е дека ќе бидам една од промоторите за враќање на енергијата, но за тоа е потребен тим, потребни се цел, стратегија и дефинирани чекори кои ќе произлезат од разговор со јавноста, рече Стефоска.

Таа нагласи дека како министерка за култура и како една од критичарите на тој проект, има должност пред себе и пред сите со кои заедно марширале кога ја гледале агресивната преобразба на центарот на градот.

Во однос на ставањето институции од културата во надлежност на локалните самоуправи, Стефоска смета дека сè додека тие не бидат капациететни не може да има децентрализација. Цело време, рече таа, има дисбаланс помеѓу планот и она што се случува.

Прочитајте и...  Лончар: Во Србија досега се вакцинирале речиси 15 000 македонски граѓани, можеме да ви ја дадеме истата количина за ревакцина

– Недопуствливо е да тече од покривите на нови објекти како што се МНТ и Археолошкиот музеј… Во очајна состојба е Музејот на Северна Македонија, каде нема елементарни услови за работа, рече министерката.

Заштитата на културно наследството е меѓу приоритетите на Владата. Соопшти дека се доделени средства за санација, реставрација и конезрвација на клучни објекти од културното наследтво од целата земја.

– Односот кон нашето културно наследство е однос кон нас самите, кон нашата земја и идентитет. Првите чекори веќе ги правиме, се изготува и стратегија, го трасираме патот на културните политики кои ќе ги водиме, додаде Стефоска.

Задоволна е што резултатите од Годишната програма за финансирање проекти од културата годинава поминале без бурни реакции како во минатите години, иако имало рекорден број 6352 апликации. Тоа покажува, посочи Стефоска, дека стручните комисии работеле како што треба.

Прочитајте и...  Филипче по средбата со Лончар: Институтот „Торлак" ќе биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против ковид-19

Поради наследената неуредна финансиска документација и нереализирани проекти за што беа раскинати договори, а Финанасиска полиција влезе во Министерството за култура, во изминатите шест месеци откако ја презеде функцијата, додаде, повеќе имала улога на админстраторка, отколку министерка која треба да креира културни политики.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар