Стефоска го посети Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен, кој добива нов покрив

Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен / фото: Ирена Стефоска/Фејсбук

Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен и Домот на култура „Драги Тозија“, добива целосно нов покрив.

Во тек е реконструкцијата која се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу два милиони денари.

Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокуоната заштита на нашето културно богатство, вели Стефоска во објава на Фејсбук.

Стефоска сподели уште една вест Од Преспа – дека започнал процесот на санација, конзервација и реставрација на старото училиште во с. Љубојно.

„Заврши процесот на обезбедување на заштитно конзерваторските услови од страна на надлежните институции, НУ Завод и музеј – Битола и Управата за заштита на културно наследство од Скопје. Зимскиот период ќе биде искористен за изготвување на потребната проектна документација, што ќе овозможи во текот на следната година да се пристапи кон практични активности на непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава“, пишува Стефоска на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот