Стефковски оствари средба со жителите на неколку месни заедници

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со тим од општина Гази Баба одржаа средби со граѓани во месните заедници Јурумлери, Гоце Делчев, Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански.

Како што информираат од локалната самоуправа, на овие средби се разговарало за изнаоѓање на извори за финансирање на капитални проекти.

Со жителите од Јурумлери и Гоце Делчев се разговарало за изнаоѓање на извори на финансирање за целосна изградба на фекалната канализација во Јурумлери и Гоце Делчев, а додека со жителите од Крсте Мисирков, Маџари 2 и Јане Сандански за изнаоѓање на извори за финансирање за изградба на нова училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

– Обврска е пред граѓаните да се решат децениските проблеми и затоа е потребна нивната поддршка со цел да се искористат сите можности за реализација на капитални проекти кои ќе ја направат општина Гази Баба поубаво место за живеење – стои во објавата на Општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот