Стефковски: Комисијата утврди дека е направена штета со договорите за улично осветлување

Бобан Стефковски
Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба

Комисијата за теренска проверка на договорите за уличното осветлување во Општина Гази Баба го доставила извештајот за спроведената проверка на документите, информира вечерва градоначалникот Бобан Стефковски.

Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат. Извештајот е поткрепен со фотографии. По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на Општина Гази Баба – вели Стефковски.

Тој за утре најави прес конференција на која, како што вели, на јавноста ќе и се презентираат утврдените разлики.

Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината – тврди градоначалникот на Гази Баба.

Сето ова следува по повеќедневното обвинување од ВМРО- ДПМНЕ дека поранешниот градоначалник Борис Георгиевски пред заминување потпишал штетни договори за улично осветлување. Георгиевски преку медиумите ги отфрли обвинувањата и се закани со тужби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот