Стефковски бара Град Скопје да ги врати старите имиња на 34 улици во Гази Баба, сменети во мандатот на Шилегов

Бобан Стефковски
Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба

Градоначалникот Бобан Стефковски  утрово поднел Иницијатива до Град Скопје со која бара да се вратат  старите имиња на 34 улици во општина Гази Баба. Тој потсетува дека на предлог на поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, Советот на Град Скопје на седницата оддржана во март 2021 година донесе Одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Градот Скопје.
– Без никаква консултација и согласност со граѓаните на општина Гази Баба, тогашното раководство на градот донело одлука да се преименуваат 34 улици помеѓу кои: Фуштанска, Радован Ковачевиќ, краци од Благоја Стефковски, крак од улица Товарник и други улици на нашата територија. До мене како градоначалник, изминатиот период пристигнаа голем број на реакции од граѓаните што ги сметам за оправдани, бидејќи без дијалог и согласност од граѓаните не се донесуваат одлуки. Барањата на граѓаните се и мои барања – вели Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот