Стефче Алушовски е новиот тренер на ГРК Охрид

фото: ГРК Охрид

Официјално, 50-годишниот македонски стратег Стефче Алушовски ќе биде нов главен тренер на ГРК Охрид со кој потпиша договор кој ќе важи до 2026 година.

Нашиот поранешен репрезентативец својата тренерска кариера ја градеше во најдобрите македонски тимови РК Пелистер, РК Еурофарм Работник и РК Вардар, како и во исландскиот Тор Акурејри.

Алушовски вели дека целта на клубот е да биде на едно повисоко скалило и клуб кој ќе настапува во Европа.

– Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонскиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и сѐ она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило, односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт – изјави новиот тренер на ГРК Охрид, Алушовски.

Претходно ГРК Охрид како нови засилувања ангажираше четворица македонски репрезентативци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот