Во рамките од ТЦР шампионатот во Италија денеска нов настап на македонскиот возач Игор Стефановски.
На првата од двете трки викендов во Имола нашиот натпреварувач го освои шестото место.
Иџе до крајот на трката водеше голема битка да дојде и до петтата позиција против Ахмадов, но на крајот Русинот ги спречи сите налети на Македонецот. Стефановски зад победникот заостана нешто повеќе од 28 секунди.
Првата позиција ја освои Азкона од Шпанија, пред Италијанците Џакон и Јелмини, на четвртото место се најде Гвидети.
Втората трка е закажана в недела со почеток од 12.40 часот на патеката „Енцо и Дино Ферари“.