Стефановиќ: Вучиќ е прислушкуван 13 години!

фото: Курир.рс

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека Александар Вучиќ во континуитет бил преслушкуван 13 години без никаков налог од судот.

Тој рече дека Вучиќ во континуитет бил прислушуван од 1995 до 2000 година, потоа повторно од 2000 до 2003 година и особено, на, како што рекол Стефановиќ, перфиден начин во периодот од 2007 до 2012 година.

– Тоа е правено без налог на судот или каква било наредба и мерки засновани на закон, а некогаш и по налог на судот – вели Стефановиќ.

Министерот изјави дека не е поведена постапка против ниту едно лице за прислушувањето, ниту е поднесена кривична пријава.

Стефановиќ рече дека Вучиќ од 2007 до 2012 година бил прислушуван низ опфат на повеќе лица што оствариле комуникација со него, а кои, како што вели, биле означени како екстремисти.

– Меѓу тие лица биле и Горан Весиќ и Владимир Ѓукановиќ – потенцира Стефановиќ и додава дека не може да ги обелодени имињата на другите лица поради заштита на приватноста.

Тој додал дека од опкружувањето на Вучиќ биле прислушувани од 10 до 12 луѓе.

„По тоа, гледате дека целта не е откривање кривични дела, туку да се следи нечија работа за кого сметате дека е политички противник“, истакнал Стефановиќ. Слично, додал тој, беше и со Томислав Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот