Стефановиќ: Обид за насилно преземање на власта

Тој наведе дека протестот никој не го пријавил, поради што е незаконски.

Српскиорт министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ вечерва на вонредна прес-конференција по повод протестите во Белград и други српски градови истакна дека протестите се обид да се преземе власта без волјата на народот, без учество во власта.

Тој наведе дека полицајците мирно и воздржано се однесувала се се додека не биле загрозени нивните животи.

– Беа нападнати се се и сешто, па и со лопати, молотови коктели, наведе Стефановиќ, додавајќи дека се повредени 10 полицајци.

Тој наведе дека протестот никој не го пријавил, поради што е незаконски.

– Секој има право да протестира, да пријави протест, да излезе на избори, да се кандидира, да ги покаже своите идеи, а не да решава се со насилство, посочи Стефановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот