Стефановиќ: Нема да дозволиме уништување на народниот имот

Тој ги демантираше наводите на порталот Нова.рс дека полицијата испраќа водени топови кон демонстрантите и дека кон центарот на градот тргнала полициска колона од оклопни возила со водени топови и неколку комбиња-марица. 

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ ги повика денеска сите во Србија да се воздржат од насилство и порача дека нема да се дозволи уништување на народниот имот, ниту загрозување на безбедност и животите на било кој човек во Србија.

Во телефонското вклучување на ТВ Пинк, во момент кога учесниците на протестот пред Парламентот во Белград почнале да фрлаат кон полицијата со камења и петарди, Стефановиќ истакна дека тоа е нешто од кое се плашеле, бидејќи најавите кои ги имала полицијата укажувале дека еден дел од демонстрантите сакаат насилно да се пресметаат.

– Имаме информации дека еден дел од демонстрантите, кога ќе падне мрак, планираат да извршат одредени активности, немири, да го уништат имотот и да ја загрозат безбедноста на луѓето. Упатувам апел до луѓето да не вршат насилство, тоа нема никому да му биде дозволено, порача Стефановиќ.

Тој ги демантираше наводите на порталот Нова.рс дека полицијата испраќа водени топови кон демонстрантите и дека кон центарот на градот тргнала полициска колона од оклопни возила со водени топови и неколку комбиња-марица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот