Стефановиќ: Брутални сцени на насилство, полицијата мора да реагира

Стефановиќ предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата.

Српскиот министер за надворешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека вечерва пред Парламентот се случуваат брутални сцени на насилство и дека полицијата морала да реагира, со цел да го заштити јавниот ред и мир и имотот.

– Имаме насилство и кршење прозорци на Парламентот и инвентарот, камери на зградата, напад врз влезот и обид да се повредат полицајците врз кои се фрлаат камења, истакна Стефановиќ за ТВ Прва.

Тој нагласи дека апелите не се прифатени, додавајќи дека еден дел од демонстрантите насилно се обиделе да влезат во Собранието.

Полицијата ќе возврати на провокациите на демонстрантите Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Стефановиќ предупреди дека секој кој користи насилство ќе добие одговор од државата. Според него, овие сцени се за осуда и полицијата трпи големо насилство, но реагира правовремено и исправно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот