Стефанова: Згрозена сум од снимката за „Рекет“

Обвинителката која ја водеше истрагата за „Империја“, Лиле Стефанова во која осомничен е бизнисменот Орце Камчев вели дека утрово првпат ја видела снимката во која Бојан Јовановски зема пари од Камчев.

– Не само што не сум знаела дека постои ваква снимка, туку и сум згрозена. Очекувам Обвинителстово за организиран криминал комплетно да го расчисти целиот случај. Јас ќе соработувам и ќе ги споделам сите работи кои ги знам, а сега не можам да ги кажам за да не и наштетам на истрагата – изјави во телефонски разговор за ТВ 24 обвинителката Стефанова.

На прашањето дали рекетот може да ја сруши „Империја“, Стефанова вели дека „таа истрага е поставена на здрави нозе, но со месеци е закочена поради начелното мислење кое го донесе токму Врховниот суд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот