Стефанова излезе од ОЈО, крие што сведочела

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

„Денеска речиси пет часа давав исказ во својство на сведок. Во интерес на истрагата и моето својство, немам нешто плус да изјавам за јавноста. Се што имав да кажам за случаевите „Империја“ и „Рекет“ кажав во петочниот мој исказ кој на сите вам ви е добро познат.“

Ова денеска пред седиштето на обвинителството за Организиран криминал во Скопје го изјави обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова која неколку часа беше испрашувана за аферата „Рекет“.

Стефанова е надлежен обвинител за предметот „Империја” во кој обвинет е бизнисменот Јордан Камчев, еден од актерите и во случајот „Рекет”. Обвинителката по објавувањето на видеото во кое беше спомната од Камчев, во пишана изјава до медиумите ги негира неговите тврдења, оценувајќи ги како обид да ја дискредитира како обвинител.

– Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски, наведе Стефанова.

Таа искажа подготвеност да соработува со Обвинителствово за организиран криминал за комплетно да се расчисти целиот случај „Рекет”.

Утре, пак треба свој исказ да даде нејзината шефица, обвинителката Катица Јанева. Двете сведочат во својство на сведоци. Во предметот „Рекет“ единствено, засега осомничени и притворени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот