Стефанија ја одигра претставата „Галеб“ во чест на својата мајка: Јулија Мациевска со емотивна објава

Јулија Мациевска
Фото: Принтскрин/Фејсбук/ Јулија Мациевска

Пред една недела почина 41-годишната уметница Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска, по долга и тешка борба со ракот.

„Одлета мојот ангел“: Јулија Мациевска со трогателна објава по смртта на нејзината ќерка

Вчера, нејзината ќерка Стефанија улогата во претставата „Галеб“ ја посветила на својата мајка, а веста ја сподели нејзината баба, Јулија.

„Синоќа на даските што живот значат – Театар Комедија, моето сонце Стефанија блескаше во улогата на Нина, величествена како вистински галеб во претставата „Галеб“ од А.П.Чехов. Стефанија оваа улога, оваа претстава ја играше и ја посвети за својата мајка, за Андријана, за нашиот ангел небесен. Благодарност на целата екипа од претставата, за сета маестрална енергија која ја донесоа на сцената и направија незаборавно доживување“, напиша Јулија во описот на неколкуте фотографии од претставата.

Јулија Мациевска
Јулија Мациевска / Фото: Принтскрин/Фејсбук

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот