Стефан Вујисиќ, глумец: Деминутивна земја сме, од отсуство на темели се стремиме кон барокен покрив

стефан вујисиќ
Стефан Вујисиќ / Фото: Приватна архива

Сакавме да покажеме дека може и со „lo-fi“ пристап да се стигне до квалитет. Квалитет не подразбира само јасна и платена продукција без никаков уметнички текстуален доем туку и токму обратното. Но, бидејќи сме деминутивна земја и од отсуство на темели се стремиме кон барокен покрив, ама тоа се темпорарни сензации, вели младиот и веќе многу успешен глумец Стефан Вујисиќ во разговорот за еспресо.мк.

Во хип-хоп култура и историја каква што е нашата, потешко е да се излезе од конвенционалниот пристап и да се стигне до публиката со експериментален „lo-fi“ пристап, но сепак има поборци на ново, алтернативно движење кое надежно ќе ја повлече целата култура во новиот век.

Во разговорот, глумецот Стефан Вујисиќ квази-интимно ни открива како е да си „граничен“ уметник со дивергентен израз кој решил да се запознае себеси, и дециден е – „не сум една боја, еден прст, една фиока и сакам докрај да се запознаам!“

Млад и веќе многу успешен глумец, како би се претставил накратко себеси на јавноста?

– Некој што патува, почесто во место. Шета хоризонтално и вертикално и е на пола пат во борењето со ветерници и застарени рефлекси.

стефан вујисиќ
фото: приватна архива

Како е да се биде со една нога во две уметности и дали се тие уметности поврзани?  Како одлучуваш во кој медиум како ќе се изразиш и дали конкретен израз бара конкретен медиум?

– Понекогаш претставува проблем…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот