Стефан Ристовски од Лисабон: Сопругата и синот ми се на безбедно во Скопје, кога ќе заврши пандемијата ќе отворам шампањско!

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот го промени животот на целата наша планета и поради тоа повеќето од нас сме веќе со недели или месеци затворени во своите домови и ги слушаме препораките на здраствените власти. 

Факт е дека никој од нас не е навикнат со недели да седи во карантин, но кога се работи за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, тогаш немаме избор.

 Познати личности во земјата и во странство постојано преку нивните социјални мрежи повикуваат да останеме дома и да ги почитуваме препораките.

 

View this post on Instagram

 

?????

A post shared by Stefan Ristovski (@stefan_ristovski_13) on

 Меѓу најгласните кои упатуваат апел да останеме дома се фудбалерите ширум светот. Меѓу нив и нашиот интернационалец Стефан Ристовски кој веќе неколку години ги брани боите на најдобриот португалски клуб Спортинг Лисабон.

„Слободен печат“ направи краток разговор со него и го прашавме како ги поминува деновите во изолација?

– Многу едноставно, станувам рано наутро накај девет ипол часот, имаме тренинг во десет онлајн со колегите од клуб, потоа ручам, нормално филм некој поладне ќе погледам, навечер играм „CS“ и тоа. Нема што да се прави многу… и така во круг. (се смее)

С.П. Што ти недостига највеќе од секојдневието кое го имавме пред коронавирусот?

Највеќе ми недостига сопругата и детето. Веќе долго време сум без нив и навистина на моменти ми е претешко, но од друга страна знам дека се во Скопје и дека се е добро и безбедно и дека имаат помош од нашите родители. Нормално ми недостига секојдневниот ритам на тренинзи, натпревари, страста која веќе долги години се носам со сe тоа… Нема нешто поубаво кога ќе се вратиш дома после победа и со семејството да уживаш.

 

View this post on Instagram

 

#family#my#all

A post shared by Stefan Ristovski (@stefan_ristovski_13) on

С.П. Каква поука треба да извлечеме после се ова?

– Поука? Многу поуки сваќаш после ваков период, сваќаш што значи здравје, сваќаш некој работи на кои не си мислел често, но сепак семејството и здравјето се на прво место другото се поминува…

С.П. Што ќе направиш првиот ден кога ќе ни кажат дека може да се вратиме на секојдневниот живот?

– Прво што ќе направам кога ќе дознаам дека е готово, сигурно отварам шампанско. (се смее)

С.П. Кој филм го препорачуваш на твоите пријатели, обожаватели, колеги да го погледнат овие денови? 

– Па, еве последно што следам и гледам е серијата „Тајкун“.  Српска серија, одлична е може да ја погледнете.


С.П. Каква музика слушаш периодов?

Музика претежно екс-ју. Човек сум сто сака наша музика, зборувам за Балкан и наша музика, нормално.

С.П. Омилена храна која ја приготвуваш откако си дома?

– Храна која ја подготвувам често од кога сум сам е паста и лосос. Се трудам што поедноставно, но се со помош на жена ми, инаку ќе нема да знам ништо да направам. (се смее)

И за крај што би препорачал на нашите читатели?

– И за крај – читајте „Слободен печат“, чувајте се, #седетедома само така може да го надминеме овој вирус, и нормално драго ми беше што се подруживме. Поздрав до сите читатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот